Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од удар со палка во глава

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од директен бод удар, кога сте нападнати со удар со палка во глава, со примена на техники за самоодбрана од реалниот аикидо.

Одбраната од удар со палка во глава започнува така што прво се исчекорува напред лево и истовремено левата рака се поставува така да десната рака на напаѓачот паѓа мегу палецот и показалецот на нашата лева рака. Потоа се продолжува така што десната рака се поставува врз тилот на напаѓачот и се притиска надолу. Во истовреме ротираме во лево и изведуваме двоен лост врз неговата десна рака (која удира) и тоа врз неговото лакто и врз неговата дланка.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.