Press "Enter" to skip to content

Битола со нови 119 позитивни на ковид-19, оздравени 22, починат 1, хоспитализирани 125

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 119.

Регистрирани се 626 оздравени пациенти од кои од Битола се 22.

Пријавени се вкупно 51 починато лице од кои 1 починат пациент од Битола на 73 години.

До сега во Битола 5.030 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, активни се 1.149 случаи, а хоспитализирани се 125 лица.

Направени се преку  ЦЈЗ Битола 108, а преку болница “Плодност“ 112 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 651.997 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891.