Денес пред амбулантата за трансфузиологија која се наоѓа во Клиничката болница во Битола беше многу раздвижено и имаче голем број на битолчани кои сакаат да даруваат крвна плазма, со цел да им помогнат на наши заболени сограѓани од ковид-19.Се чекаше ред пред амбулантата, а во амбулантата тимот од транфузиологија го правеше потребните анкети со потенцијалните дарители од Битола и од околните градови, на кои им беа закажувани терми за да дарување на крвна плазма на 14, а потоа и на 21 април.
-Со помош на Центарот за јавно здравје, кои ни излегоа во престер иако имаат и тие голем обем на работа, обезбедивме 25 брисеви за лицта кои сакаат да даруваат крвна плазма. Сега сите потребни анализи се прават тука за најбрзо време и не мораме да чекаме резултати од Скопје, а и сега крвната плазма останува во Битола и се дава на болните во Битола. Има интерес за дарувања на крвна плазна е веќе се направија списоци за дарување за 14 и 21 април, ни рече д-р спец. д-р Лидија Стојанова Вилос, која е раководител на одделот за трансфузиологија во Битола.
Сашо Ѓоргиевски денес прв даруваше крвна плазма, а за хуманиот гест ни рече:
-Ова ми се 10. дарување на крв, а се пријавив за дарување на крвна плазма бидејќи го поминав ковидот и сега се чуствувам целосно здрав, а има и антителе потребни за дарување на крвна плазма. Се надевам дека на некој наш сограѓанин ќе му помогнам да се избори со оваа болес која од ден на ден е пораширена меѓу нас и со потешки последици. Би сакал да ги повикам сите кои имаат прележано ковид да се јават, тука на трансфузиологија, да се пријават, на направат потребни анализи, а потоа и да даруваат.
Сите битолчани кои денес се јавија, дадоа податоци за тоа кога ја прележале болеста, дали имаат антитела, и се она што е предвидено со анкетниот лист, а на некои им беше речено дека ако има потреба ќе бидат контактирани и порано од закажаниот термин.
За дарување на крвна плазна се јавија битолчани кои се редовни дарители на крв, а имаше и голем број на лица кои за прв пат се јавуваат да даруваат крв и крвна плазма.
Инаку, крвната плазма дарува лице кое оздравело од ковид-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а плазмата со антитела се нарекува конвалесцентна плазма и се користи за лекување на заболените од ковид-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.

Битолчани даруваа крвна плазна, направени списоци за 14 и 21 април (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер против Пролет и лесно обезбеди Куп-полуфинале
- Пелагониските земјоделци на протест пред подрачната единица во Битола
- 101 оздравени, 80 нови позитивни на ковид-19, хоспитализирани 134, починати 4 лица
- Состанок на општинскиот кризен штаб
- Билтен на МВР: со “форд фиеста“ излетал од патот Битола-Меџитлија