Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, среда, 7 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Температурата во Битола до 15 степени.

Утре, четврток, 8 април во Битола времето ќе биде претпладне променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во Битола до 10 степени.