Еурофарм Пелистер – Пролет 26:17 (12:6)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски (Скопје)Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски, Мараш 2, Ојлески 2, Маркоски, Маџовски 1, Кукуловски 2, Мандалиниќ 5, Кушан 5, Стјепановиќ, Радовиќ 2, Периќ 3, Костески 4, Кукоски, Велковски, Петровски
Пролет: Ангелов, Цветкоски 1, Кристо, Давитковски, Аларов 5, Пецаковски 2, Јовановски, Донев, Димов 1, Андоновски 4, Василевски, Потиќ 1, Палевски 2, Пејовиќ, Фичорски 1.Еурофарм Пелитер во 4. коло од плеј-офот во Битола рутински ја победи екипата на Пролет од Скопје и не им дозволи на гостите ниту да дојдат блиску до рамноправна игра, со резултат 27:16, полувреме 12:6.
По повредата од пред два месеци Томислав Кушан се врати во тимот, а на клупата беше тренерот Жељко Бабиќ по завршувањето на изолацијата поради ковид-19.
Првиот дел Еурофарм Пелистер го започна со 3:0, а екипата на Пролет се обиде да биде рамноправен противник кон средината на првиот дел. Но, со добра одбрана “пелистерци“ не дозволија, а имаа +4 (9:5) во 20. минута. Во финишот следуваше серија за 12:6.
И вториот дел започна со доминација на Еурофарм Пелистер, а по десет минути беше +8 во 40. минута, по што следуваше седмерец за домаќините и цревен и син картон за Андоновски и Пецаковски. Крајот на натпреварот беше со резулатот 26:17.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ и Кушан со по пет гола.
По 4. кола Еурофарм Пелистер останува второпласиран, зад единствената екипа со максимален учинок, Вардар 1961.Во наредното коло битолчани гостуваат кај Металург.