Натпреварот во Битола, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Пролет започна со минута молчење за прерано починатиот Албен – Бени Исаи, кој беше долги години дел од ракометнио клуб.
Бени Исаи почина денес поради компликации од ковид-19, а ќе остане во сеќавање кај љубителите на спортот во Битола.
Бени, како го ословуваа битолчани беше ракометар на Пелистер и ракометен судија и делегат, а на неколку пати беше дел и од Упрвата на клубот.
Бени битолчани и спортистите ќе го паметат и како бизнимен, нивни помагач, кој на многу пати им помагал не само на ракометарите туку и на другите спортисти.