Press "Enter" to skip to content

По повод Светскиот ден на здравјето Општина Битола донираше медицински униформи за ковид центарот

За дел од медицинските работници, веќе 14 месеци животниот циклус изгледа сосем поинаку, речиси незамисливо од она што претходно значеле нивните работни обрски. На првите борбени линии, соочени со непознатиот непријател КОВИД-19, за кој што и по речиси година и пол малку се знае, а постојано неговата мутација отвора нови предизвици, на денешниот 7 април, Светскиот ден на здравјето, токму нив треба да им се оддаде посебна почит.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска по повод Светскиот ден на здравјето ја посети Клиничката болница во Битола, при што донираше 55 медицински униформи за лицата кои што работат во Ковид центарот во Битола и каде што во моментов се лекуваат 125 пациенти.