Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнато лице во угостителски објект на Широк сокак и пронајдена стара граната

На 06 април 2021 во СВР Битола, Ќ.С. (64) од Битола пријавил дека во угостителски објект на ул. „Широк Сокак“ во Битола бил физички нападнат од 40 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06 април 2021 во Полициското одделение Новаци, В.Ѓ. (54) од Битола, вработен во ЈП
“Комуналец“ Битола, пријавил дека, додека работел на депонија, пронашол артилериска граната 75 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.