Press "Enter" to skip to content

Во Битола 100 нови позитивни на ковид-19, оздравен 1, починати 3, хоспитализирани 134 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на ковид-19, од нив во Битола се 100.

Регистрирани се 854 оздравени пациенти од нив само еден е од Битола.

Пријавени се вкупно 35 починати лица од кои од Битола се двајца на возраст од 63 и 69 години починати во болнички услови.

Во Битола до сега има 5.130 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.246 случаи.

Направени се  преку ЦЈЗ Битола 117, а преку болницата “Плодност“  93 ковид тестови.

Во Регионалниот КОВИД центар, има 134 пациенти, а за 24 часа примени се 23 пациенти, сите со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.