Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала облачност

Денес, четврток, 8 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно со слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во Битола до 9 степени.

Утре, петок, 9 април во Битола времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 13 степени.