Press "Enter" to skip to content

Први бодови на “двојката“ во ракометниот плеј-оф

Струга – Еурофарм Пелистер 24:24 (13:14)

Ракометарите на  Еурофарм Пелистер 2 од Битола во Струга против истоимената екипа го освоија првиот бод во ракометниот плеј-оф одигрувајќи реми 24:24, полувреме 13:14.

Почетокот на натпреварот им припадна на домаќините, Струга, кои поведоа со 5:3. Потоа “пелистерци“ направија серија од 1:6 и поведоа со 6:9. До крајот на првиот дел “стружани“ ја намалија негативата, а на одмор “пелистерци“ отидоа со гол предност, 13:14.

Вториот дел  помина така што двете екипи се стремеа за победа и за освојување на бодивите, и се одржуваше резултатска рамнотежа. Струга беше за нијанса поквалитетна и долго време чуваше минимално водство од еден гол. Во завршницата Еуроафарм Пелистер 2 со голот  гол на Јован Талевски се изборија за голем бод, нивни прв во плеј-офот.

Најпрецизен ракометар во редовите на Еурофарм Пелистер  2 беше Петровиќ со девет гола, а четири постигна Стоилевски.