Press "Enter" to skip to content

Со повеќе активности во Битола одбележан Меѓународниот ден на Ромите

За разлика од претходните години кога на плоштадот “Магнолија“ во Битола, со концерти на кои се пееја ромски песни, оваа година, како и претходната 8. Април,  Меѓународниот ден на Ромите, денес се прослави симболично, колку да се зачува континуитетот.  се прославува симболично. -Нам Ромите ни недостигаат песната и музиката, затоа што ние со тоа се храниме, беше речено денес на “Магнолија“, а Џевдет Џелоски, од невладината Ромска ѕвезда од Битола додаде:

-Она што е најбитно за нас како граѓани на оваа држава е да ни живее единствената татковина, Република Македонија, која за некој е кратка, мала, но за нас граѓаните од ромска националност е многу слатка, затоа што има место за сите нас. Не смееме ние луѓето, особено ние Ромите да се делиме, по боја, вера, националност, не смееме да се делиме на која владина или невладина припаѓаме.И градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, упати честитки по повод 8. Април, Меѓународниот ден на Ромите, односно денот кога пред 50 години беше одржан Првиот ромски конгрес во Лондон, кога е потврдено ромското знаме, химна, јазик, култура и идентитет и преку “зум“имаше средба со претставници на невладините ромски организации во градот, на која е заклучено дека образованието е клучен сегмент, за вистинско интегрирање на Ромите во сите области од општественото живеење.

По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалничката го посети Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, каде што додели пакети за ранливите категории граѓани.Директорката Фатма Бајрам Аземовска објасни дека здружението во моментов работи на неколку проекти, а токму на денешниот празник, го промовираа почетокот на кампањата „Здравје за Ромите“. „Сумнал“ и Општина Битола во наредните три години ќе го имплементираат Стратешкото партнерство за иновации „Грижа за здравјето на Ромите 2“, чија цел е промоција на здравствената писменост меѓу Ромите преку тренирани здравствени медијатори, вклучувајќи и воспоставување на Центри за здравствено образование на заедницата.

Од претставникот на невладината „Аваја“, Ремзи Медик, на градоначалничката и беше подарено Ромското знаме, како симбол на заедништво.