Press "Enter" to skip to content

Нето и Капинковки: со голема самодоверба одиме да се надигруваме

Екипата на Пелистер после победата над Вардар во Битола, минатиот викенд, со нови три бода се најде во “златна средина“ на прволигашката табела, но ако не продолжи со добрите игри и секако со резултати ќе се најде во ситуација која може да биде компликувани за безбедно завршување на сезоната.

Денес продолжува борбата за бодови, а Пелистер во 26. коло гостува денес во Скопје, кај Работнички. Тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски од Битола, пред заминување за Скопје, верува дека екипата ќе ја задржи добрата форма и атмосфера по успехот во вечното дерби.-Годи победата во “вечното дерби“ против Вардар и после таков триумф, атмосферата е позитивна. Но, ние со секој ривал, без разлика дали се викал Вардар или Работнички, мора да се надигрување и да играме на победа, за да ги оствариме нашите амбиции – опстанок во лигата, по можност да го избегнеме и баражот. Работнички е многу квалитетна екипа, клуб со долга традиција и очекувам тврд и неизвесен натпревар. Одиме да се надигрување, да се обидеме да постигнеме гол повеќе за позитивен резултат.

И фудбалерот на Пелистер, Алдаир Нето, интернационалец од Ангола, со оптимизам гледа на гостувањето на битолчани на Арената “Тодор Проески“, каде веќе еднаш загубија од Работнички со 1:0, во ноември минатата година.-Мислам дека имаме добри шанси на натпреварот против Работнички. Добро трениравме оваа недела и верувам дека сè ќе биде во најдобар ред. Самодовербата по натпревар против Вардар е поголема. Мислам дека ако продолжиме со ваква работа, со истите идеи на тренерот, секогаш може подобро и подобро.