-Многупати како новинар сум правел прилози, сум пишувам, сум ги снимал, Ромите кои се дел од нас, дел од Битола, а секогаш сум велел дека нивната музикалност и посветеност кон музиката мора да останат нинка карактеристика, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола, и доајен на битолското новинарство.-Имам многу снимки на отворено, на Илинденски денови, во студиото на Радио Битола, со многу Роми кои се занимавале со музика и секогаш сум му се восхитивал на нивната музикалност, вели Миновски и додава:
-За разлика од новинарите, битолчани се секогаш можеле да уживаат во Ромската музика, еден дека кога битолчани уживале бил Свесткиот ден на Ромите, кога на плоштадот “Магнолија“ се прославувал Денот, а секогаш имало и музичка програма.
За жал веќе две години нема прослава на “Магнолија“, а со тоа ги нема ни музичките прослави, кога на два-три часа се одвиваше таа музичка програма, а битолчани уживаа во тоа.
-Да се надеваме дека оваа година ќе биде последна прослава на Светскиот дел на Ромите во Битола, одбележан само симболичко, без ромска музика, а до година ќе имаме музика, оесна и игра на Ромска музика, вели Миновски и додава за крај:
-Да не биде дека Римите се само добри музичари, мора да ги спомене и боксерите кои дале придонес за спортот во Битола, а тоа го пишувам во мојата книга “Боксот во Битола“, а секако дека и други кои заслужуваат да бидат спомнати во некои нови едиции.

Деновиве пред 10 години: прослава на Светскиот ден на Ромите во Битола, на “Магнолија“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: трикотажа “Пелистер“ прослави 90 години постоење (фото)
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Деновиве пред 10 години: на “Денот на дрвото“ засадени двеста илјади садници (фото)
- Општина Битола: зимската приказна и новогодишниот блесок ќе започнат од Старата чаршија
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол