Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност

Денес, понеделник, 12 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 19 степени.

Утре, вторник, 13 април, во Битола времето ќе биде умерено облачно. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 17 степени.