Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер на гостувањето кај МЗТ Скопје

МЗТ Скопје – Пелистер 84:81

Без тренерот Марјан Илиевски и капитенот Бојан Трајковски екипата на Пелистер отпатува од Битола за Скопје, каде поразена од МЗТ Скопје, во рамките на заостанатото 22. коло од Првата кошаркарска лига, во интересен натпревар, со 84:81, а ова е петти пораз на лидерот на табелата.

Отворањето на натпреварот беше во знак на “штрковите“, а по првите првите десет минути резултатот беше 26:16 за домашните. Втората четвртина беше резултатски израмнета, а резултатот беше 28:26, а на одмор се отиде со резултат 54:42.

Третата четвртина беше во знак на Пелистер, а резултатот во третите 10 минути беше 12:21, а во последната четвртина се влезе со само -13 за МЗТ Скопје (66:63).

Последната четвртина беше неизесна, двете екипи се менуваа во минималното водство. На крај одлучи брзоплетоста на гостинските кошаркари, поточно на Малешевиќ кој направи офанзивен фаул во финишот. Тоа ги отвори вратите за домаќинот кој го потврди триумфот со тројка на Бакоч.

Во екипата на Пелистер најефикасни беа Кесар и Малешевиќ со по 23 поени.

More from СпортMore posts in Спорт »