Press "Enter" to skip to content

Давор Талески: на терен ќе докажеме дека против Силекс во Битола оправдано сме фаворити

Утре во 13 часот на стадионот под Тумбекафе во Битола ќе се одигра натпреварот во кој Пелистер го пречекува Силекс во Битола, а двете екипи се блиску на прволигашката табела. Двете екипи од различни аспекти го пречекуваат натпреварот, Пелистер да се врати на победите по поразот од Работнички, а Силекс да ја продолжи победничката серија.

Голманот на Пелистер, Давор Талески на ден пред натпреварот преку новинарите ја пренесе атносферата во клубот и очекувањата од натпреварот, или како вели напревар, како бараж за двете екипи.

-Верувам со тимот и во моите соиграчи и се надеваме сите дека ќе дадеме се од себе да покажеме дека сме оправдан фаворит во Битола. Што се однесува пак до самиот натпревар, очекувам позатворен натпревар за разлика од претходните два. Овој дуел е како бараж и за нас и за нив. Се „крши“ првенството за двата тима. Со нашиот однос од првата минтуа треба да им дадеме до знаење дека нема што да бараат под Тумбекафе. Се надевам на три бода и да продолжиме каде што застанавме со Вардар. Натпреварот против Работнички е зад нас. Не одговоривме на барањата, но секоја екипа има падови. Очекувам почеток на нова позитивна серија до крајот на првенството.

More from БитолаMore posts in Битола »