Press "Enter" to skip to content

Валентин Кочоски: со победиме над Силекс, ќе го заборавиме поразот од Работнички

Денес во 13 часот во Битола Пелистер го пречекува Силекс во нова битка за опстакон во која се наоѓаат двете екипии, а онаа екипа која денес ќе освои бодови ќе има, како велат половина завршена работа. 

Валентин Кочоски за денешниот натпревар вели дека се освен пораз ќе биде успех за Пелистер:

-Натпреварот со Работнички мина лошо по нас. После серијата победи и добри резултати очекувано беше ваков пад, кој дојде во вистинско време за да можеме да се соземеме. Дуелот со Силекс е многу поважен за нас и ако успееме да победиме, мислам дека брзо ќе се заборави лошиот настап со Работнички.  Натпреварите против конкурентите за опстанок се како финалиња за нас. Сè освен пораз на ваквите натпревари ќе биде успех за нас, а доколку запишеме и победи ќе биде екстра за нас.