Сирените и флечерите на амбулатните возила на Итната медицинска помош во Битола го прекинуваат мирот кој владее насекаде низ градот за време и на овој полициски час, кој започнува во 20 часот, а трае до 5 часот наутро.Само сирените, кога сте било каде Ве враќаат во реалноста, во тоа со што се соочуваат битолчани, и сите низ светот, со ппроблемите и последиците кои ги донесе вирусот ковид-19.
А, не се само тие да потсетуваат на реалноста, кога се движите низ празните улици низ Битола, по Широк Сокак, кај “Гроздот“, кај саатот, низ Чаршијата, низ Безистенот, кај Камен мост, кај Баирското школо…
Чудната тишина, без џагор, без брчење на автомобили, мотоцикли, без довикување на младите, без музика… што е карактеристично за некаде околу 22-23 часот е потсетникот дека нешто не е како што треба, посебно ако сте веќе четиесетина години сте дел од тоа, а тоа воопшто и не Ви смета кога се движите низ Битола.
Во таа тишина, во центарот се слуша машина, која не може да ја промашите, иако не е бучна, а со неа вработените во Градски паркинзи ги одбележуваат пешашките премини и линиите за паркирање.
Во Безистенот отворен само еден дуќан, малата сендвичара, од која ни довукува сопственикот на сок или седвич, но со напомена дека внатре нема влегување поради најновите мерки, а како вели ретки се оние кои нарачуваат храна.
Но, мора да ги спомене и полициските инеспектори, кои на два пати не легитираат и побараат дозвола на движење, секако пред тоа и тои самоти најљубезно се легитимираа и покажаа полициски легитимации.
А, тука на Влезот во Старата чаршија, отворен уште еден дуќан, аптеката “Роса Вита“ која веќе една година е отворена 24/7, а преку неколку такси возила кои сообраќаат за време на полицискиот час, ги испраќаат лековите на оние кои им се неопходни.
И кога се подготвувавме да заминеме, повторно звук на сирени на возилото на “брза помош“, а внатре облечени во скафандери екипата заминува да даде помош на лице кое ги очекува.
Сашо Ристевски