Во рамките на 22. коло од Првата фудбалска жени екипата на Топ гол утре, недела во Битола ја пречекува екипата на Кочани, а натпреварот ќе се игра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“, со почеток во 12 чаоот.
-Секој натпревар е важен, но овој е можност да ја продолжиме победничката серија и уште повеќе да се доближиме во сигурната зона. Нема простор за опуштање, ќе мора да се освојат овие три бода, изјави Теодора Петровска, капитенот на Топ гол.