Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: поставен споменикот “Ангел“ во чест на бранителите (фото)

-По 10 години од вооружениот конфликт во 2001 година, во 2011 година беше поставен споменикот “Ангел“, кај Саат кулата во Битола, во чест на загинатите бранители од Битола, се присетува Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинартсво.-Веднаш по завршувањето на конфликтот, пред сега веќе 20 години, во 2001 година неколку здруженија побараа поставување на споменик во центарот на Битола во чест на бранителите од Битола кои загинаа во тој конфликт, вели Миновски.-Имаше понудено неколку локации и неколку споменици, но Комисијата, која ја водеше целата процедура, одлучи на конкурсот победник да биде споменикот “Ангел“, а за локација се одбра паркот пред Саат кулата, што сите го одобрија.Да споменеме дека споменик “Ангел“ е во знак на загинатите седум битолски бранители  во вооружаниот конфликт во 2001, кои загинаа во борбите кај Вејце – четворица бранители од полициските единици и тројца во составот на Армијата или како се запишани на споменикот Благојче Силјанов, Бошко Најдовски, Влатко Миленковски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски, Марјан Божиновски и Пеце Матичевски.Да споменеме и дека споменик на загинатите припадници на АРМ е поставен во Касарната, а тога во 2001 година беше за прв пат воспоставен полициски час, а по повод денот на загинувањето и други поводи се положува свежо цвеќе во знак на сеќавање.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »