Press "Enter" to skip to content

Пелагониските земјоделци на протест пред подрачната единица во Битола

Пелагониските земјоделци денес излегоа на предупредувачки протест пред Подрачната единица на Министеретсвото за земјоделие, шумарство и водостопанство.

На протестот најавија дека доколку до крајот на овој месец не бидат исплатени субвенциите по грло и предадено млеко за 2020 година, заедно со здруженијата од Велес и Полог, во Скопје и ќе го блокираат сообраќајот  пред Владата.Како проблем ги посочија тоа што доаѓаат пролетни сеидби, цената на семенскиот материјал оди нагоре, ѓубривата одат нагаоре, цената на нафтата оди нагоре, крајно време е веќе министерството да ги исплати барем дел од тие субвенции, рече Тони Алчевски, претседател на Здружение “Пелагониско Поле“.

-Се додека ги бараме парите со сила, нема радост во сточарството и во земјоделието. Поминаа сите лаѓи што ги кажуваа досега, еве петти месец помина дека ќе ни ги исплатат субвенциите, а сеидбата почна но пари немаме. Како можеме да преживееме сточарите 365 дена, не знам. Секој ден по маркетите млеко се купува и млечни производи, за тоа данок се зема, а ние нашето не можеме да го земеме, беше речено денес.

More from ВестиMore posts in Вести »