Press "Enter" to skip to content

Состанок на општинскиот кризен штаб

Општинскиот кризен штаб денес одржа средба по електронски пат, на која се разговараше за актиелата состојба со Ковид-19 во општината.

Директорката на Здравствениот дом Весна Спирковска информираше дека од повозрасната генерација веќе се вакцинирани над 1.250 лица со вакцината “Астра Зенека“.

Во Клиничка болница Битола, денес за прв пат по еден месец има повеќе испишани од примени пациенти, рече директорката Билјана Гагачовска, иако притисокот врз здравствените работини сеуште е голем.

Во Центарот за јавно здравје има маналување на пријавените за PCR и брзи тестови,а директорката посочи дека во однос на протоколите за изолација, дадени се нови насоки согласно препораките од Институтот за јавно здравје.

Битолската полиција редовно врши контроли за време на полицискиот час од 20 часот навечер до 5 часот наутро, со зголемен број на екипи, а постапува и по контролите од Државниот пазарен инспекторат. Редовно се контролираат сите лица кои се ставени во изолација. 

More from ВестиMore posts in Вести »