Press "Enter" to skip to content

101 оздравени, 80 нови позитивни на ковид-19, хоспитализирани 134, починати 4 лица

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во, од кои во Битола се 80.

Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти од кои од Битола се 101.

До сега во Битола има 5.812 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.211 случаи.

Во клиничката болница денес наутро, на Инфективно, Физикална и Модуларната болница имаше 134 хоспитализирани лица, позитивни или суспектни на ковид-19.

Пријавени се вкупно 31 починато лице, од кои 4 починати лица се од Битола на 58, 64, 79 и 84 години во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 85, а преку болница “Плодност“  58 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 65667, активни 8401
Куманово 8130, активни 1183
Прилеп 7951, активни 910
Тетово 6945, активни 655

More from ВестиMore posts in Вести »