Press "Enter" to skip to content

Говорот на телото преку очите

“ЕУ Институт“ – Скопје и порталот www.bitolanews.mk од Битола повторно со актуелен серијал на тема говорот на телото. Читајте не секој петок и надградете ги вашите знаења во неформалното образование. Веруваме дека ќе ви дадеме можност за позитивна промена и влијание во вашите животи преку совладување на формалната едукација како важен сегмент од животот на секој еден од нас.

Се вели дека очите се огледалo на душата, портал кој што може да откире вистински чувства кои луѓето ги имаат еден кон друг. Без оглед на тоа дали се работи за мајчинска љубов, љубов на маж кон жена и многу други видови на љубов. Доколку навлеземе во напреден говор на тело и почнеме да ги набљудуваме сите околу нас во очи ( што денеска е реткост ) ќе прочитаме, откриеме и дознаеме која е намерата на нашите соговорници.

Говорот на телото кога се во прашање очите е моќно орудие и алатка која секој од нас може да ја користи доколку длабински навлезе во оваа наука.Што значат проширени зеници?

Денеска ќе зборуваме за метод на истражување за препознавање на односот помеѓу дилатацијата на зеницата на гледачот и факторот на интерес на визуелните стимуланси. 

Кога се работи за окото, важен момент кој треба да го забележиме кај соговорниците е тоа дека кога ги гледаме во очи потребно е да збележиме какви се нивните зеници. Значи во случајов, окото го набљудуваме за да утврдиме и препознаеме каква е состојбата на зеницата/те на нашиот соговорник, партнер или пак можеби некој случаен минувач.Постојат повеќе показатели за оваа но, еве ќе започнам со основен базичен пример за одблиску да ја доловам суштината на окото и зеницата како клучен елемент кој е потребно да се следи и набљудува како би имале показател и основа за дијагностика на една личност. Да речеме дека седиме некаде во временски услови кога е светол сончев ден, нашите зеници автоматски ќе се затворат бидејќи изворот на светлината е интензивен. Кај лица кои практикуваат различен вид на опојни дроги и слични стимуланси, ќе ја сретнете исто така оваа појава на намалени зеници, во точка скоро сведени. Доколку сме во темна опкружувачка околина каде има слаб извор на светлина, во тој случај зениците на нашето око автоматски ќе се прошират и ќе пропуштат повеќе светлина. Ќе напоменам дека проширени зеници кај соговорници можете да прочитате и кај лица кои практикуваат да земаат одредени лекови, медикаменти. Ова е важно да го знае секој еден од нас чисто за лична надградба и информација. Понекогаш во одредена ситуација може на секој од нас ова читање на соговорниците преку набљудување на зеници да ни помогне.

Заклучокот е дека кога гледаме некој во очи, треба да внимаваме кави се неговите зеници.За терминот bedroom eyes неможев соодветено да најдам превод а да звучи пристојно. Сакам да напоменам дека проширени зеници се честа појава при физичко или психолошко задоволство. Ова верувам дека сите ќе ги интересира. Кога спроти нас имаме друга личност кај која цениме дека за нас има нешто привлечно, нашите зеници се шират. Многумина сметаат дека овој вид на дилатација( проширени зеници ) е привлечен. Затоа ваквата конотација популарно е наречена badroom eyes. На нашиот македонски јазик овој превод звучи грубо, па затоа ќе се задржам на изворниот термин. Значи, badrom eyes се нарекува поради сексуалната конотација. Е сега ако сме тотално исклучени и не не интересира личноста, тоа се манифестира со благо трепкање како контракција на зениците. Ова значи незаинтересираност. Оваа метода можеме да ја користиме за препознавање на партнерот за да процениме дали сме некому привлечни или не.

Напомена, во читање на луѓе сепак севкупниот впечаток е битен, потребно е да се набљудува комлетната појава на една личност а не само очите! Само тогаш може да се направи точна профилизација.За базичен и напреден говор на тело можете во секое време да не контактирате електронски, по пат на меил. Ќе ви овозможиме да ги надоградите вашите знаења на тема невербална комуникација.

Како да ги набљудуваме луѓето во очи?

Големината на зениците како индикатор на емоции

Студијата за големината на зеницата како индикатор за емоции е позната како пупилометрија. Екхард Хес, биопсихолог од Универзитетот во Чикаго, прв го употребил овој израз во 1975 година. Се заинтересирал за проучување на зениците и дилатацијата една ноќ додека бил во кревет и тоа разгледувајќи книга со фотографии од животни кои биле многу убави. Неговата сопруга забележала дека зениците на животните се прекрасни, коментирајќи дека светлината била многу слаба. Тој пак ја уверувал дека има многу светлина. Ова била доволна провокација за научникот па така следниот ден, тој отишол во неговата лабораторија и го тестирал својот асистент Џејмс Полт со неколку фотографии од пејзажи и една пин-ап девојка. Хес ги држел фотографиите до главата за да не може да ги види, но истакнал дека зениците на Полт се прошириле кога ја видел фотографијата со закачената пин-ап девојка. После овој обид и двајцата започнале со своите истражувања на оваа тема.Една од своите научно истражувачки студии Хес ја извел врз мажи покажувајќи два различни сета на фотогарии од жени. Евидентна била разликата на големина на зениците и емоциите. Резултатот од истражувањата бил дека мажите претпочитаат фотографии од жени со проширени зеници. Интересно е да се напомене дека, испитаните мажи не можеле да објаснат зошто сликите на очи со жени со проширени зеници им се привлечни. Тестирал и жени и кога ги сумирал резултатите со својот тим увиделе дека добиле исти резултати и кај испитаната група на жени.

 

Подоцна научниците Хес, Селцер и Шлиен спровеле слична студија но овој пат врз хомосексуални мажи. Кога на овие мажи биле прикажани фотографии од други мажи, нивните зеници се прошириле повеќе отколку кога им биле прикажани слики од жени. Со тврдењето на Хес се увидело дека кога е претставен непријатен стимул, зениците на субјектите се стеснуваат.

Студија на Универзитетот во Единбург спроведена кај жени во овулација покажала дека жените кои имаат овулација се повеќе привлечени од мажи со големи зеници. Кај жените субјекти кај кои треба да започне менструален циклус им биле прикажани три слики на мажи – една со големи зеници, една со средни зеници и друга со мали зеници. Мнозинството жени го избрале мажот со големи зеници. Заради овие наоди, истражувачката студија довела до заклучок дека жените кои треба да имаат овулација ги поврзуваат големите, проширени зеници со сексуален интерес.

Како да си направиме и создадеме пријатно расположение?

Веќе утрвдиме дека неможеме да ја контролираме самите дилатацијата на нашите зеници, тоа е исклучително тешко. Во романтичен амбиент дефинитивно можеме да создадеме услови за да изразиме љубов, да си го поправиме расположението. Во ваква пригушена атмосвера, каде има намалена светлина ќе создадеме природен начина на ширење на нашите зеници.Честопати сите ние кога сакаме да посветиме внимание на партнерот предложуваме или закажуваме романтична вечера во ресторан или во домашна атмосвера и тоа денес кога не се препорачливи дружења по јавни места објекти и локали поради Ковид-19. Кога се размислува за романтична вечера секогаш се предлага место со каде има опкружување со свеќи или некоја суптилна пригушена светлина. На овој начин можеби интуитивно или пак потсвесно самите можеме да создадеме услови и природно проширување на зениците за сопствен интерес кој подразбира релаксација и задоволство.

НАПОМЕНА! Проширените зеници не укажуваат секогаш на сексуален интерес

Рековме дека е веројатно проширените зеници да се знак на сексуален интерес но, тоа не е правило кое треба да важи во голем број од случаи. Зошто? Бидејќи проширување на зениците се случува и кога гледаме фотографии од бебиња. Кај некои луѓе ова проширување на зеници се случува и кога гледаат чинија со привлечна храна. Затоа научниците утврдиле дека дилатацијата не значи секогаш сексуална привлечност.Денес добивте некои нови сознанија кои може да ви бидат показатели за привлечност. Има уште многу други начини за да се едуцираме на оваа тема говорот на телотот за да можеме да утврдиме што мисли и чувствува некој за нас. Доколку сте заинтересирани за овој вид на нефомално образование кое е начајно за секој еден од нас можеби и ќе сакате да посетите некоја од нашите кастамизирани обуки за говорот на телото. Ќе започнете од основно ниво и потоа ќе ви помогнеме да се едуцирате и навлезете во еден комлетно нов универзум. Ќе научите за декодирањата на знаците и сигналите кои сите ние ги манифестираме па ќе можете дури и во приватиот живот да декодирате каква е вашата интимна врска или да увидите дали некој навистина ви се допаѓа и сте спремни да го внесете во вашиот живот.

Оваа наука за говорот на телото, невербална комуникација не е екзактна но ќе ви помогне во реалното согледување на луѓето и нивните намери.

За сите дополнителни информации, едукации и индивидуални обуки на тема говорот на телотоневербална комуникација можете да не контактирате по пат на меил. Останете во добро здравје и позитивна енергија. Ги очекуваме вашите коментари и ценети мислења.

ISBN 987-608-4880-03-5 Материјалот е авторски. Секое реобјавување мора да е во согласност со авторот каде јасно ќе биде ставен изворот на текстот.

Дел од користени информации се од моите лични истражувања при работа во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како и истражувањата на Eckhard Hess извршени во University of Chicago, Further Studies by Hess et Al, Edinburgh University Study: Ovulating Women.

More from СоветиMore posts in Совети »