Press "Enter" to skip to content

МНД Битола ја презентира изложбата “Наши години“ (фотогалерија)

Во пресрет на 25-ти април – денот на основањето на ДНУ/МНД-Битола, Македонско научно друштво-Битола во фоајето на Центарот за култура во Битола,  на јавноста и презентира изложба на фотографии и документи – „Наши години“.Согласно препораките на Министерството за култура, за изложбата не е организирано свечено отворање, но истата со почитување на Ковид-мерки може да се посети и погледне секој работен ден од 10 до 15 часот.Д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола за оваа изложбата рече:-Во овие моменти кога сèуште се соочуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19, ние не забораваме да потсетиме и да го одбележиме 25 април – денот кога во 1960 година е основано нашето Македонско научно друштво. Како моите претходници, така и јас како претседател сакам да потврдам дека ја почитуваме нашата историја и ја негуваме традицијата. Април, месецот кога го славиме нашиот роденден секогаш ни претставува мотив плус, за  несебично да го вложиме нашиот креативен потенцијал, и да организираме различни академски манифестации. Да потсетам, на 7-ми април организиравме прекрасен вебинар со над 160 присутни, посветен на здравствените работници, на кој, освен наши членови учество зедоа и стручни лица од градот и државата.Авторот на изложбата, д-р Марјан Танушевски ја наслови „Наши години“, за оваа изложба рече:-Изложбата содржи фотографски моменти кои отсликуваат значајни настани за Македонско научно друштво-Битола и документи за темелите на Друштвото. Јавноста може да ја погледне и прочита одлуката кога е утврден амблемот на Друштвото изработен од академскиот сликар Ранко Струмениковски. Од истражување на документи во Историски Архив-Битола воочив дека постапката се одвивала подолг период, се до утврдување на конечно решение усвоено на 17-ти април 1980 година. Амблемот со кој се гордееме во средината има отворена книга со старословенски букви, одраз на словенската писменост. Книгата е поставена на столб капитол – одраз на светската уметност и битолското поднебје. Врз книгата и столбот паѓаат сончеви зраци како симбол на слободен развој на науката и уметноста. На оваа изложба ја презентираме и Одлуката на Друштвото да потпише Спогодба со Универзитетот во Битола за организирање издавачка дејност која според истражуваниот материјал, во 1979 година ја иницирал првиот Ректор на битолскиот Универзитет проф. д-р Стеван Габер затоа што имал сознанија дека во Научното Друштво веќе има развиена издавачка дејност. Научниот Совет на ДНУ предводен од д-р Даме Несторовски и претседателот на ДНУ-Битола, м-р Кирил Крстев се потписници на одлуката.Изложбата содржи важни пораки за историјата и традицијата на Македонско научно друштво-Битола и затоа ќе биде презентирана и во други македонски градови. Изложбата е поместена во Фоаје на НУ Центар за култура-Битола и ќе биде отворена до 5- ти мај.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »