Press "Enter" to skip to content

Битолски книжевен круг ја издаде книгата “Синестезија на зборот“ со творби на писатели од Битола

Друштвото на писатели Битолски книжевен круг од Битола во рамките на одбележувањето на  денот на книгата и авторското прави и  стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески ја издаде книгата “Синестезија на зборот“.

Оваа книга е мозаик на творби на тема Зборот чии автори се писателите од Битола, Радован П. Цветковски, Владимир Костов, Никола Кочовски, Петре Димовски, Панде Манојлов, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Милица Димитријовска-Радевска, Зоран Пејковски, Гордана Стојаноска, Мирјана Стојановска, Весна Мундишевска-Велјановска, Елизабета Јончиќ, Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова Свидерска, Биљана Т. Димко, Никола Илијовски и Михајло Свидерски, со што членовите на БКК го даваат својот придонес кон одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Книгата е квалитетно колор издание во кое творбите се вкомпонирани со колоритот на уметничките дела на ликовните уметници Атанас Крстев, Мирјана Крстева Массетти, Андријана Мациев, Љубица Мешкова Солак, Славица Милева, Драган Најденовски, Ивана Настески, Никола Пијанманов, Димитар Солаковски и Александар Тасески-Џинго, кои впечатливо го вдахновуваат доживувањето на синестезијата на зборот.

Приредувачи на изданието се: Весна Мундишевска-Велјановска, Даниела Андоновска-Трајковска и Елизабета Јончиќ, а ликовен уредник Љубица Мешкова Солак.

Во рецензијата за книгата проф.д-р Васил Тоциновски истакнува: „Повод за оваа вредносна творечка акција е стогодишнината од раѓањето на една од најзначајните и влијателни личности на нашето македонствување Блаже Конески. Идејата и резултатот имаат трајна вредност не само во она што веќе е речено, туку и во просторот на сопственото постоење/раѓање со потврда оти Битола покажува/потврдува оти градовите како и луѓето имаат душа.

Битола со своите писатели, театарот, музеите, културните и книжевни манифестации има бележито место на македонската мапа на трајни духовни и материјални цивилизациски вредности. Зборот е знак на препознавање и пресоздавање, тој е мисла, убавина и слобода, татковина и вековнина. Како сегашност ги поврзува минатото и иднината не само како право и привелигија, туку и пред сѐ како одговорност пред зборот.“

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »