Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и свежо со повремен дожд, утре сончево и потопло

Денес, сабота, 24 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне. Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 10 степени.

Утре, недела, 25 април, во Битола времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 16 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »