Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: анеуризма на абдоминална аорта

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за анеуризма на абдоминална аорта, за што вели:-Aбдоминалната аорта -аorta abdominalis е најголем крвен сад во стомачната шуплина кој е продолжување на десцендентната аорта носејќи оксидирана крв до бубрезите, долните екстремитети завршува со бифуркација на аортата на  ниво L5 каде се дели во лева и десна илијачна артерија. Абдоминалната аортна анеуризма претставува зголемување на дијаметарот на абдоминалната аорта над 30 мм проценет со ехо -ултрасонографија на абдомен во трансверзален и сагитален -лонгитудинален пресек.   Етиолошки постојат повеќе причини пред се долготрајно нерегулиран крвен притисок, васкулитиси воспалителни процеси на крвните садови, атеросклеротични промени на аортата со трупање на масни наслаги, инфекции на аортата како и силни трауми во област на стомакот.      

Ризик фактори се и пушењето, храната со полизаситени масти, возраста над 65 години, постоење на абдоминална анеуризма кај член од фамилијата итн. Клиничката манифестација  е пулсирањето околу умбиликусот, грбна болка и стомачна постојана болка. Постојат две главни компликации едната е дисекција кинење на интимата и медијата на крвниот сад, а втората е руптура на анеуризмата со брзо крварење -смрт. Постојат анеуризми кои се мали и е доволно да се опсервираат и оние кои се големи брзорастечки  кај кои е потребна хирушка интервенција.

More from СоветиMore posts in Совети »