Press "Enter" to skip to content

Утре се вози мото-крос кај Лагово, Зоран Каранфиловски-Ќаме од Битола фаворит во МХ

Утре со возење на две тррки на патеката кај Лагово, продолжува шампионатот на Македонија во мото крос, а како фаворит во својата класа МХ е Зоран Каранфиловски – Ќаме од Битола, кој настапува за екипата на Мотори од Скопје.

За стартот на сезоната и победата во првата трка Каранфиловски вели: 

-Оваа втора трка од Шампионатот во мото крос а организатори се мото клубовите Вардар и Мотори, во соработка со прилепскиот мото клуб Скај Рајдерс, како домаќини на патеката. По првата трка во Скопје каде бев победник во класата МХ, што значи ќе се натпреваруваат возачи над 32 години, а за таа трка можам да кажам дека патеката беше многу тешка, со голема конкуренција и на крај заслужено победив. Ова беше прва трка и беше тест за тоа до каде сме со конкуренција, како се подготвени “моторите“, како за престојниот шампионат, така и за Источно европските трки кои следуваат. За утрешната трка Каранфиловски вели:

-Патеката на која утре ќе ги возиме двете трки добро ја познавам и поради тоа што е блиску до Битола, повремено тренираме и таму. Лани на оваа патека немаше трки, а сега по две години пауза се враќаме кај Лагово. На оваа патека сум се  натпреварувал три пати, а ќе кажам дека е карактеристична по тоа што има големи скокови кои се атракција за гледачите, секако и за мотокросистите. Има најави за тоа дека патеката ќе биде комплетно подготвена, а денес во 12 часот е официјалниот тренинг, а утре квалификации и двете трки. Што се однедува пак до очекувањата кои ги имам за оваа трка, се јасни ќе атакувам на првото место, а според тоа како сум јас подготвен и како е подготвен моторциклот, кој да кажам дека јам го подготвувам, се оправдани.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »