Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала локална облачност и потопло

Денес, недела, 15 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 18 степени.

Утре, понеделник, 16 април, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните часови можен краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 18 степени.