Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: “Пионерски семафор“ манифестација низ која поминале илјадници битолчани (фото)

-Разгледувајќи ги новинарските белешки за овој период кога се подготвував за пишување текст што се случувало во Битола, во овој период на годината, а “свртив“ неколку години, во секоја година ми “падна во очи“ една манифестација која заслужува да ја споменеме. Се работи за манифестацијата “Пионерски семафор“ која опстојува неколку децении, а на неа настапувале илјадници ученици од основните и средните училишта, започна со сеќавањата за тоа што се случувало во Битола, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Организатори во Битола, е секако дека го има и во други градови, на ова натпреварување порано беа наставниците кои, како да речам, “возеа точаци“, а потоа тоа го презедоа наставници кои предаваа ОТО, а потоа и предмети кои беа побрзани со сообраќајот под друго име. Но, без разлика како било овој натпревар остана и до ден денес и е на радост на учениците кои учествуваат и секако победуваат, додава Миновски.Поради пандемијата не се одржа лани овој натпревар, е сигурно ќе биде одложен и годинашниот “Пионерски семафор“, а со тоа му е скратено на учениците првичното запознавање со сообраќајните знаци и прописи, а секако и дружењето на отворено.-Сега според она што го следеам од медиумите организарот на натпреварите “Пионерски семафор“ или како се вика сега незнам, го организира Секторот на превенција при СВР Битола, вклучена е општината, како и Советот за безнедност во сообраќајот. Убава манифестација која заслужено го победи времето токлу децении, а ќе опстојува и понатаму, вели Миновски, кој додава дека се надевам дека некои учесници на ова натпреварување во 2011 година ќе се препознаат, некогашни ученици сега студенти, вработени…

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »