Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: 7 најголеми грешки во подигањето и воспитувањето на децата

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Мали промени носат големи резултати

Родителите кои трагаат за книги со мудрости за подигање и воспитување на своите деца ќе отријат цела лепеза на
од книги на таа тема. Тоа покажува дека прашањето како да ги подигаме нашите деца збунува и загрижува повеќе од други теми на светот. Имено во момент кога сме скоро поробени во 21 век со компјутери, лаптопи, мобилна технологија добро е да го вратиме интересот за интерес на самите темели на животот. Поттикнати од ова решивме со овие написи да им помогнеме на родителите кои се наоѓаат пред предизвикот на подигање на деца кои растат во ова време на технологија т.н „сајбер генерации“ да размислат повеќе за оваа тема и да станат свесни за некои грешки кои се прават и несвесно при воспитувањето на своите деца.

Со генерализирање тие се сведени на 7 главни грешки кои се прават при подигањето на децата. Да не бидат само чисто делење на совети, секоја ќе биде подетално објаснета со анализа за да им помогнеме на оние парови родители кои сега одгледуваат деца. Сите овие т.н грешки кои се наведени ќе бидат низ анализа и примери образложени така да секој од вас може да земе за себе тоа што мисли дека му е потребно.

1.Го разгалувате (разгаливте) своето дете
2.Го ставате својот брак на последно место
3.Му наметнувате премногу активности на своето дете
4.Го запоставувате својот емоционален и духовен живот
5.На своето дете Вие сте му најдобар пријател
6.Не успевате да му пружите структура на своето дете
7.Очекувате вашето дета да ги реализира вашите соништа

Ќе има посебен напис со анализа за секој од овие 7 наведени грешки кои посебно ќе можете да ги читате на нашиот портал секоја недела во рубриката „Совети“.

Најпрво да се запознаеме со некои принципи и правила кои сметем дека се значајни за понатамошната анализа на секоја од наведените грешки и ќе ви помогнат да разрешите некои ваши дилеми.Правила на игра

– Постојат правила на игра на родителство.
– Ќе ве упатуваме на правила кон прав смер.
– Децата и родителите многу подобро се снаоѓаат во јасна структура.
– Ако во еден момент сте заморени од спроведување на промени кои сакате да ги воведете во вашиот дом – Не губете надеж
-За да станеме подобри родители на сите ни е потребна вежба.
-Можеби некогаш веќе и самите ја знаете „вистинската, права постапка“но сте ја предвиделе во потрага за некој спектакуларен одговор.

Низ анализите кои ќе ги прочитате многу е важно да ви нагласам дека ако сакате нешто да промените мора да знаете ова:

Мали промени носат големи резултати

Ако доследно применувате нешто што сакате да промените тоа ќе има успех и резултат. „Понатаму во написите ќе зборуваме конкретно за некои промени и како да ги спроведувате.)Некогаш тоа може да биде мала промена која ќе донесе големи резултати. Но треба да бидете трпеливи, бидејќи тоа не можа да се случи преку ноќ. Понекогаш, луѓето кои се беспомошни во некои случаи бараат брзи и драматични решенија и некое волшебно стапче што ќе направи промени преку ноќ.

Исто така ќе откриете дека ќе ви се променат и многу други аспекти од вашиот живот заради внатрешниот раст кој ви се случил кога наместо брзо решение се одлучивте на стрпливост за да постигнете успех во некоја промена во вашето однесување.Дисфункција значи екстремност

Спротивно на дисфункција е … дисфункција. Еве четири примери кои се обично подеднакво дисфункционални на барем површински спротивни начини.
1. Личности кои се несамостални,беспомошни и „слаби“ и личности кои ги негираат сопствените потреби за подршка и заради тоа се претерано независни.
2. Личности кои беснеат и кршат, разбиваат зидови и личности кои се пасивно бесни, муртејќи се без да прозборат 2,3 дена.
3. Личности кои никогаш не плачат и личности кои се секогаш се на работ на плач.
4. Личности кои им поставуваат преголеми ограничувања на децата и личности кои се претерано попустливи.
5. Семејства во кои членовите воопшто не го поминуваат заедно и семејства кои скоро цело време го поминуваат заедно дури и ислучувајќи ги врските со други луѓе или воспоставувајќи со нив само површински врски.
6. Личности кои имаат многу крут систем на вредности иличности кои имаат многу лабав систем на вредности.

Борбата е корисна

-Борбата е корисна
-Без борба не би биле живи
-Не би имале причина за постоење
-Не би го знаеле чувството на успех

Единствен период без борба е кога сме во мајчината утроба, но со пресекување на папочната врвца и пороѓај со самото излегување надвор, за единката борбата започнува.

Кога родителите настојуваат да ги тргнат сите препреки пред патот на своето дете, за да го заштитат, накрај можат да создадат свет од фантазија и „емоционален затвор“ за своите деца. При тоа ако домот за детето е единственото место без борба и детето е премногу заштитено воопшто не научило да се бори, тоа никогаш нема да оди од куќата. Тоа не може да замине од куќата на родителите каде се чувствува безбедно. Припремено е да очекува разочарувања надвор. Заради тоа и се плаши во тој свет.

Дури и физички да замине тоа никогаш нема и емоционално да замине, а со оглед и на околностите зошто и да ?

Не можете да го промените она што не сакате да си го признаете на себеси, а тоа што не го признавате обично го одредуваат правилата

Ако вашиот дом е во хаос, децата ви се надвор од контрола потајно му замерувате на брачниот партнер бидејќи застанува на страна на децата како „добар“ . Вие само сакате и си фантазирате да заминете на некој пуст остров, но сите чувства поврзани со тоа ги криете и не признавате на никој дека ви е тешко, дури понекогаш ни на себеси. За да не се чувствувате како себичен родител. Тогаш без сомнение е дека е мала веројатноста нешто да превземете и промените. Ако не сакате да си ги признаете дека постои проблем како тогаш ќе го решите? А ако не ги откривате своите чувства и емоции и се она за што не се анализира и говори, избива на површина во постапките. Тие постапки често ќе ве оддават како личност под стрес. Затоа да кажете отворено дека сакате некаде да побегнете, не значи и крај на светот. Дури и ако вистина не побегнете може понекогаш да значи и крај со здравиот свет на постапки.Вашите деца нема да се „скршат“ ако ги пуштите да пораснат

Ова би требало да се надоврзи на онаа точка „борбата е корисна“. Но кај родителите обично постои страв дека децата ќе се „скршат“ ако треба да се борат, и кај некои е толку моќен што ќе го објасниме подобро. Ако вашите родители ве разгалувале, мазеле и штителе како дете, или друга крајност ве малтретиракле и запоставувале тогаш постои опасност да верувате дека вашите деца ќе се скршат ако ги оставите да одрастат. Но децата се неверојатно отпорни и заради тоа и препорака е за родителите да размислат за некои недостатоци и товар кој го носат од своето детство и како ги воспитувале и подигале нивните родители. И да ги проектираат на своите деца. Многу често ние при воспитување на децата го земаме стилот на родителство со кој не воспитувале нашите родители или одиме во друга крајност на спротивен стил на воспитување на нашите деца . Заради тоа родители размислете дали подсвесно ве управуваат духовите на вашето минато.

Малубројни правила кои би се применувале доследно и правилно вредат повеќе од многу правила кои недоследно се применуваат

Ова е продолжение на точката „мали промени носат големи резултати“. Целта овде е постигнување на равнотежа. Постојат родители кои настојуваат да им воведат на своето деца стотина ситни правила . Често таквите родители се очајни. Ако и успеат да добијат „согласност“ од своите деца за да се придржуваат на тие бројни правила што е невозможно , но често тоа значи и многу крути родители со барања кои за децата се често застршувачки. Постојат и родители кои одат во друга крајност и кои имаат премалку правила, а и нив недоследно ги применуваат. Тогаш и тука се јавува проблем.

За децата би требало да постојат темелни правила на однесување:
-постојано време за одење во кревет на спиење,
-потоа капење и миење заби,
-неколку обврски во куќата според возраста и
-ако тие доследно се применуваат и уште некое правило сето тоа е доволно.

Но сите тие доследно да се применуваат. Децата се учат на т.н. внатрешна структура единствено ако можат да тргнат од т.н надворешна структура. Децата кои растат со ограничувања на кои можат да сметаат секогаш, еве обичниот пример на исто време на одење на спиење, ќе развијат јасна внатрешна структура која ќе му служи за цел живот. Но сигурно е кога нешто е така едноставно можеби и не им изгледа важно на родителите.

Децата кои не се животно компетентни, не можат да имаат големо самопочитување

Се смета дека некаде во 21 век родителите заклучиле дека со постојани пофалби дури и за секоја ситница кај децата ќе ја подигнат самодовербата и на крајот развијат самопочитување. Тоа сигурно беше реакција на претходното воспитување на генерации со строги правила. Ќе се вратиме на она„ спротивно на дисфункционално е повторно крајност и дисфункционалност“. Се разбира потребна е пофалба кога децата нешто добро направат. Но мораме да ги пуштиме сами да се борат со проблемите и понекогаш да бидат наградени со самиот факт дека самите решиле проблем.

Нашите деца мораме да ги учиме на живот. Не е доволно ако ги затрпуваме со празни пофалби дури и за слабо направена работа. Ние мораме да ги водиме, подучуваме благо да ги поправаме, и да им помагаме да станат способни за животот кој е пред нив. Самопочитувањето произлегува од способност, а не од неспособност. Не постои човечко битие кое нема некој дар или способност за да направи нешто. Наша родителска задача е да му помоигнеме на своето дете да ја открие сопствента способност, дарба, надареност и да научи добро да ја употреби. Сигурно е дека тука родителот има улога да го насочува своето дете за правилно да ги искористи своите способности и надареност или талент.

Нашето нездраво однесување секогаш има причини и последици (инаку нема да му се препуштаме)
Ова се надоврзува на „Не можете да го промените она што не сакате да си го признаете“. Секој мора искрено да му приоѓа на причините на своето нездраво однесување. Целосното човечко однесување е со нешто поттикнато. Ништо не се прави без причина.

Прimer „зошто некоја личност се опива до безсвест?“. Можеби заради тоа што маките од смрт од алкохолизам не му се чинат толку грозни како маките во животот кои ги проживува во трезна состојба.
Потоа зошто некој родител ги пушта своите деца да бидат будни до доцни сати во ноќта, наместо да ги навикне на постојано време на спиење.? Затоа што сака да го сакаат и децата да го доживуваат како „позитивец“ без да се расправа со нив на точно легнување, а тие сакаат да прават што сакаат. Или пак можеби чувството на кривица кога би ги присилувал на спиење, (можеби останата од неговото детство) му се чини поболна од последицата која ќе следува ако ги остави будни.

Друг пример : „Зошто некој своите брачни проблеми повеќе ги дели со своите деца отколку со сопругот или друга возрасна личност.“? Зарди тоа што децата се ранливи, приемчиви им требаат родители, верна се публика и затоа што разговорот со други возрасни, е пострашна од доверувања со своите деца.

Животот не е тест, тоа е експеримент – затоа искушувајте нешто ново

Покрај се ве молам додека го читате цело ова имајте на ум – нема совршени деца, родители, семејства.
За вашите родителски вештини никој нема да ве оценува. Никој не ви брои бодови. Не морате да бидете совршени и не можете да бидете. Сигурно ќе грешите. Некои грешки ќе ве доведат до привремени маки, но поминувањето низ тие маки не прави појаки, и ни го продлабочува животот. Никој не проаѓа низ родителството без понекоја мака. Прифатете ја таа вистина и заклучите дека така полесно ќе бидете добар родител. Тоа е вистина и треба да ја прифатите.
Се надеваме дека со излагањето ве поттикнавме да размислете на многу прашања на кои често се обидуваме да најдеме одговор за некои наши однесувања.

More from СоветиMore posts in Совети »