Press "Enter" to skip to content

Победници Илиовски, Каранфиловски и Дамјановски од Битоа и успешно деби на Најдовки во Лагово

На патеката кај Лагово се одржа втората трка од шампионатот на Македонија во мото крос во 4 категории на кои настапија и битолските мото кросисти, а се натпреваруваа во различни клубови, Пелистер, Мотори МК и Водно Ендуро.

Во категоријата на МХ1 прво место Христиан Илиоски кој настапува за Пелистер од Битола кој освои 50 бида по победи во двете трки, а на трето место со истата категорија  е за битолчанецот Благојче Спировски кој настапува за клубот Мотори МК.Провопласиран во категорија МХ по двете трки беше Зоран Каранфиловски, кој настапува за клубот Мотори МК и освои вкупно 50 бода по победа во двете трки. Во оваа категорија мора да се спомене и настапот на Александар Најдовски кој го освои четвртото место. Најдовски или како битолчани го знаат Скантата го промени спортот и сега настапува во мото крос, а се подготвува и за професионален кик бокс натпревар.Во категорија МХ85 прво место го освои битолчанецот Антонио Дамјановски кој настапува за Ендуро Водно од Скопје со вкупно 50 бода по победи во двете трки. Второто место го освои уште еден битолчанец, Алексеј Стојковски, кој настапува за клубот Мотори МК.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »