Хотел и ресторан “Капри“ утре и официјално ја започнува новата летна сезона со новитети во понудата за гостите, кои како истакнуваат ќе уживаат во престојот кај нив. Новата летна тераса, новото детско катче, естетско хортикултурно уредување на дворот и уредениот паркинг простор беше повод за разговор со Никола и Андреа Трпеновски, односно за реализираните планови пред стартот на летната сезона.Никола Трпеновски, сопственик на хотел и ресторан “Капри“ за новите содржини кои ќе им ги понудат на гостите ни рече:
-При анализа на работењето на хотел и ресторан “Капри“ увидовме дека се соочуваваме со неколку, така да ги наречам слабости. Најпрво паркингот пред хотелот “Капри“ беше една слабост со која се соочувавме сите овие години, но со можноста да го купиме местото каде сега се наоѓа паркингот, се реализира нашата визија за проширување и обнова на паркингот. Имено, сега паркингот е убаво поплочен со бекатон плочки, осветлен, обезбеден со камери и проширен. Од реализацијата на оваа идеја, обезбедување на паркинг простор се тргна и кон реализацијата на новите идеи со кои се надеваме дека ќе ги комплетираме содржините и понудата на хотел“ “Капри“ и додава:
-Најважно е сега по уредувањето на просторот кој претходно беше паркинг простор, се доби ново хортикултурното уредување кој сега добива една поинаква слика. Оваа е реализирање на наши планови кои ги планиравме со години.Андреа Трпеновска за новото уредување и новата летна тераса, која веќе утре со новите намалени рестриктивно мерки за заштита од пандемијата, ќе им биде на располагање на битолчани и намерниците во нашиот град, вели:
-“Слабост“ беше и тоа што хотел “Капри“ имаше недостиг од поголем простор за летна тераса. Сега со проширувањето може да се каже дека новиот дел, на стариот паркинг со површина од 300 метри квадратни, добивме нов уреден по сите модерни стандарди, простор за голема летна тераса. Терасата има околу 15 маси распоредени на растојание, каде може да седат по 4 лица, а тоа сега е идеален дел каде ние вработените и гостите ќе ги почитуваме мерките за заштита од корона вирусот, до кои нашиот хотел строго се придржува. Оваа тераса ќе биде место за уживање во вкусна храна по која е позната нашата кујна, а и ќе се служат повеќе видови кафе и пијалоци. Таа ќе остане така и понатаму отворена, без дополнителни преградувања, како вистинска тераса каде ќе струи пелистерки свеж воздух.
Како трет дел кој го истакнуваат сопствениците е делот наменет за детско забано катче кое е прекрасно уредено по сите стандарди за безбедност на деца.
-Овој дел беше сугериран од гостите кои ни доаѓаат во нашиот хотел. Голем дел од нашите гости доаѓаат фамилијарно со своите деца. Тука додека тие уживаат на летната тераса ќе можат да ги следат своите децата додека играат безбедно пред нив, вели Андреа Трпеновска.
-Сето ова се направи во текот на минатата година до сега, пред отворањето на летната сезона и сметам дека е доволно, а другите идеи, кои секако ги имаме, ќе ги оставиме за понатаму, вели Никола Трпеновски.
Сезоната пролет/лето утре започнува, терасата ќе биде отворена и нашите гости ќе можат да уживаат недалеку од градот, а при тоа да бидат сигурни дека тука строго се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, а од хотел “Капри“ најавуваат и нови изненадувања кои ќе ги очекуваат гостите.
Ж. Ристевска
Дрон видео: Creative production