Press "Enter" to skip to content

Христијан Николовски: имаме квалитет кој го докажуваме, а од Битола одиме во Ѓорче по бодови

Утре на стадионот “Македонија“ во Ѓорче Петров екипата на Пелистер од Битола гостуца на екипата на Македонија ЃП и Пелистер во рамките на 30. коло на ПМФЛ, а “пелистерци“ ќе се обидат да се претстават во новото пролетно издание, во кое за разлика од есенскиот дел играат офанзивен и цврст фудбал.

Христијан Николовски, кој се враќа во тимот поради жолтите картони, верува дека трите бода од овој натпревар ќе заминат за Битола.

-Со трите бода освоени против Ренова успеавме да се дигнеме на посакуваното ниво, па од Битола во Скопје одиме растоварени. Мислам дека имаме подобра екипа од Македонија ЃП, Пелистер по квалитет заслужува место меѓу најдобрите три екипи лигата и затоа верувам во трите бода во Ѓорче Петров. Знаеме дека противникот има одлична и искусна екипа, но верувам дека овој пат среќата ќе ни се насмевне и ќе ја извојуваме посакуваната победа.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »