На 27.04.2021 во 11.45 часот во Затвор Битола, 37 годишник од Крушево, кој издржува казна во затворот, пријавил дека околу 05.00 часот во неговата ќелија лице од Гостивар, кој издржува затворска казна во друга ќелија, по претходна вербална расправија, физички го нападнал и се обидел да употреби остар предмет. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2021 околу 01.30 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул,„Кавала“, сопственост на 57 годишник од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.а