Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во Ѓорче

Македонија ЃП – Пелистер 3:0 (1:0)

Иако од Битола фудбалерите на Пелистер заминаа со оптимизам за денешниот натпревар во Скопје, против Македонија ЃП, сепак се враќаат со пораз од 3:0, полувреме 1:0.

Тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски, за прв пат започна со тројца странци, Нето, Гудиаби и Принц, но по удар од далечина на Робсон и по лошата интервенција на голманот Талески, домаќиниот дојде во водтсво во 3. минута.

По две минути Гудиаби имаше изгледна шанса за гол, но биеше само во рацете на голманот и немаше израмнување.

Во 82. минута домаќините повторно со удар од далечина дојдоа до 2:0, а во судиското надополнување Фернандо Аугусто од најстрога казна ги постави конечните 3:0.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »