Press "Enter" to skip to content

Христијан Драгарски: тежок натпревар, трет во шест дена, но верувам во соиграчите

Играњето на натпреаври среда-недела, во Битола утре ја носи екипа на Академија Пандев, во рамките на 31. коло од Правата фудбалска лига на Македонија. Секако и овој натпреват во Битола е директен натпревар за опстанок во Лигата, а на “пелистерци“ им треба да освојат барем бод и за математички да обезбедат опстанок, што и беше целта за оваа сезона.

Капитенот Христијан Драгарски верува во соиграчите и во добар резултат под Тумбекафе во Битола, иако во средата потфрлија во Ѓорче Петров.

-Знаејќи дека ова е трет натпревар во шест дена, и психички и физички ќе биде многу тежок натпревар. Секој бод е значаен, а од наша страна може да ветам дека Пелистер секогаш игра на три бода. Така ќе биде и утре попладне. Исклучително го ценам тренерот Васоски. Со неговото доаѓање, Академија Пандев има нагорна линија на формата и тоа го докажаа со пласманот во финалето на Купот. Ќе биде тактички тежок натпревар, а јас се надевам дека бодовите ќе останат во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »