Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: јазли на тироидната жлезда и ултрасонографска (ехо) детекција

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за јазли на тироидната жлезда и ултрасонографска (ехо) детекција, за што вели:-Јазлите – нодулуси на тироидната жлезда можат да бидат бенигни и малигни најчесто детектирани при ултрасонографски (ехо) преглед во зависност од нивната ехогеност, форма,васкуларизација на collor doppler, граници и присуство на интранодални калцификати. Бенигните јазли се карактеризираат со хиперехогеност или изоехогеност, јасни глатки граници, овална форма периферна васкуларизираност на колор доплери присуство на “хало“ периферна срповидна хипоехогеност за разлика од нив малигните јазли кои имаат хипоехогена ехотекстура, неравни граници, централна васкуларизираност на колор доплер и интанодални хиперехогени калцификати.

Потребата од тенкоиглена биопсија на нодулус на тироидната жлезда е најмала кај анехогените цистични промени, потоа кај сунгеровидните а најголема кај хипоехогените тврди јазли. Клинички често се асимптоматски па се до чувство на болка, оток, промена во гласот.

Лекувањето е хирушко, зрачна терапија кај малигните јазли додека бенигните континуирано се опсервираат.

 

More from СоветиMore posts in Совети »