Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: го разгалувате своето дете или разгалено дете и  како „нашите бебиња остануваат бебиња“

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Во текстот од совети “7 грешки во воспитувањето на вашите деца“, кои се грешките кои ги прават  еден од основните „Го разгалувате своето дете“.

Тоа е еден од проблемите или грешка  при воспитувањето и подигањето на нашите деца кој подразбира инфантилизација –  психијатриски термин кој значи она што веројатно се чини и обично велиме  дека  сме ги разгалиле своите деца  и  тоа кога децата водат главен збор во домот (семејството)

Се поставува прашањето зошто правиме грешки и имаме проблеми при воспитувањето и подигањето на нашите деца?

Уште од раѓање приближно на 18 месеци потребите на бебето мора доследно да се задоволуваат за да стекнат доверба во околината и дека можат да имаат доверба во оние кои ги подигаат. Но во оваа фаза, приближно на 12- 18 месеци исто така е важно дека  потреби на бебето  не се задоволуваат веднаш.  Бебињата мора да научат дека  некое време треба  чекаат на разни работи. При тоа тие  учат две многу важни факти за животот:

1.Дека не се едно со луѓето кои ги подигаат.

2. Дека не можат да го добијат оно што го сакаат.Ова второто е познато и е почеток на учењето за задоволување на потребите со одлагање. Како  прво ние како родители при воспитувањето настојуваме:

1.Да правиме како што ни е правено нам.

2.Да правиме спротивно на она што ни го правеле нам.

Пример: Ако сме растеле и не воспитувале во премногу строга и крута  родителска структура на авторитарно родителство, со многу правила и барања, тогаш ние ќе го повториме овој образец на родителство или ќе завземеме сосем спротивен став на т.н попустлив стил на  родителство.  На  своите деца ќе им дадеме многу малку структура – што исто така е лошо.

Исто така многу од нас имаат чувство на вина заради тоа што како родители правиме, и настојуваме да ги надиокнадиме грешките во некое подрачје,  така што сме попустливи во друго. Примери:

-Често се  расправате и имате жестоки расправии со сопругот во вашиот брак ?

-Разведени сте?

-Многу време поминувате на работа ?Добро, затоа барем им дозволувате на своите “клинци“ да јадат брза храна и да поминуваат колку сакаат време пред ТВ, компјутер или со мобилен телефон. Да легнуваат или стануваат кога сакаат. Дали да учат или не во зависност од нив. Им купувате се што ќе посакаат па дури и скап најнов мобилен телефон, без потреба за истиот, само за да ја задоволите нивнта желба.

Објаснување:  Со тоа некеко секој родител мисли или смета дека им го намалува страдањето за тоа што низ се детето поминува и им недостига во смисла на родителско внимание и љубов, зарем не? Погрешно. Бидејќи тоа на постоечкото  страдање им додава ново и ги зголемува проблемите.

Но, сепак може да се исправи проблемот и тој  е полесен, од колку што се мисли. Заради тоа замислете се подлабоко и запрашајте се:

-Дали сакате  возрасни личности – плачливи, кои не можат ништо да чекаат, сакаат да им се исполнат сите желби, кои се нељубезни и со многу барања?

-Што мислите зошто станале такви.

 Психологот Ериксон во своите истражувања заклучил дека или биле под голем  надзор на своите родители (авторитерни родители) или родителите им угодувале премногу.(попустливи родители)

Сега добро погледнете ја вашата четири годишна ќерка, дали често плаче без причина, одбива да оди на спиење во одредено време, ја фрла храната и не сака да јаде и вришти за секоја ситница или вришти бесно во или пред продавница за да и се купи нешто.

Децата водат главен збор во куќата.

Како ќе знаеме дека децата го водат главниот збор во куќата ? Тогаш кога ќе почуствуваме дека возрасните не се главни и претставуваат авторитетни фигури. Кога постои постојана огорчена борба помеѓу родителите и децата и измеѓу самите родители. Во смисла: (Ти  му попушташ или ти …) Кога децата „ ги поделат возрасните, па владеат“. На пример: „Мама кажа дека можеме на компјутер откако ја напишеме домашната по математика. Но, можеме ли тоа сега, а после да напишеме математика? Односно кога децата стануваат добри преговарачи – ќе го направам ова ако ти ми го купиш она… итн.Ако се соочувате со  овие наведени проблеми тогаш еве неколку корисни препоракиЧ

-На децата ќе им помогнете ако го решите проблемот веднаш сега. Не заборавете и некоја промена колку и да е мала може да го промени цел состав. 

-Нема да им биде ништо ако почекаат неколку минути.

-Ако вашето 18 месечно бебе се разбуди и кога сте во некоја работа може да причека. Довикнете му со ведар глас дека за минута ќе го земете. И ако почне да плаче уште посилно продолжете со работа. Кога завршите со смирен глас, ведри и насмеани влезете во собата, заблогодарете се и погрижете се за неговите потреби. ако се чувствувате вина , знајте дека со учењето на животни лекции е чин на љубов.

-Од најмала возраст (5,6год.) пуштете ги сами да ги врзуваат патиките.  Стекнување на независност за некои навики. Пример: Сами да се облекуваат. Пред школо станете ги порано. Пофалете ги за успехот кога се закопчале или ги врзале добро сами своите обувки. Секоја навика се зацврстува кога се пофалува со љубов.

-Пуштете ги да се исплачат.Кога вашата 16/17 годишна ќерка дојде дома во солзи дека се скарала со првиот дечко (настан кој може да са промени веќе и другиот ден и повторно да се повтори..на нивна возраст) Бидете покрај неа и бидете добар слушател. Кажете „тебе ти е тешко и жал ми е што си повредена“. Избегнувајте да и давате совети и само слушајте, слушајте и слушајте. Тагата ни помага да преболиме . солзите доаѓаат со тагата. Самиот факт дека сте со неа вие и праќате силна порака дека верувате дека можа да ги поднесе животниоте болки. И дека ви е значајна.

-На дваесет и повеќе годишна возраст кога се студенти не им ги  копирајте скриптите за нив, полагате испити или покривате долгови на кредитни картички. Со достоинство кажате им дека би требало да водат повеќе грижа за се. Давајте им совети како да се снајдат со финансиите за да не западнат во неволји и исто така поттикнуватјте ги сами да ги прават своите работи. Да заклучиме

Сите родители би сакале потполно да го исчисат животниот пат на своите деца. Тоа е природно. Но компетенетните родители обично знаат дека со ублажување на тој пат ги спречуваат нивните деца вистински да пораснат и да се борат против тешкотиите на тој  пат.

More from СоветиMore posts in Совети »