Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 3 позитивни на ковид-19, оздравени 40, починати 2 лица, активни случаи 829

Министерството за здравство информира дека о последните 24 часа се направени 1169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 3.

Регистрирани се 782 оздравени пациенти, а од Битола се 40.

До сега во Битола има 6.170 лица кои били или се позитивни на ковид-19, а активни се 829 случаи.

Пријавено е вкупно 31 починато лице, 2 починати лица од Битола на возраст од 43 и 68 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола-19 и преку “Плодност“ 32 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 726.409 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.

More from ВестиMore posts in Вести »