Press "Enter" to skip to content

Започна масовната вакцинација во салата во Медицинско во Битола, каде е регионалниот центар (фотогалерија)

Денес во Битола, во салата на Медицинското училиште започна масовната имунизација на населението, од овој регион, а според тоа што го видовме таму се се одвива онака како пто е пропишано со протоколите за масовна вакцинација. Целата сала каде се одвива вакцинацијата е прегледно одбележана, а од почетокот на движењето каде се екипите на Црвениот крст од Битола, местото за чекање, подигнувањето на вакцините, кабините за вакцинација и патеката за излез од салата се “покроени“ со персонал.За да се вакцинира еднио лице со компелните формалности и вакцинација е потребно многи кратко време.Инаку, Битола е Регионален центар за вакцинација за жителите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод, а за денес за вакцинација се закажани  910 граѓани, кои беа закажани преку матичните лекари на апликацијата „Вакцинација.мк“.Вчера во Битола пристигнаа 5.000 кинески вакцини, а според планот вакцини ќе пристигнуваат етапно и во наредните денови, а во целиот процес се вклучени над 100 луѓе, 25 медицински тимови, администрација, како и волонтери на Црвениот крст, кои ќе работат во две смени.Регионалниот пункт ќе работи секој ден освен недела.

More from ВестиMore posts in Вести »