Press "Enter" to skip to content

Мими Марковски од Битола ја преработи народната песна “Ајде да си речиме една песна“ (видео)

Мими Марковски, продуцент од Битола деновиве ја отпеа и преработи изворната македонска песна „Ајде да си речиме една песна“, во нов модерен аранжман, со скратен наслов „Билбил“.

Станува збор за спој на традиционалното македонско и звукот на модерната музика, со цел овие стари македонски вредности, од музичкиот фолклор, да стигнат до младата популација, а со цел да не се заборават творештвата на нашите претци. Мими Марковски, повеќе од 10 години работи во своето студио „Гимел“ во Битола, со различни уметници од сите области на културата во државата, а периодов најави дека ќе следуваат уште вакви преработки на традиционални македонски песни, во модерни аранжмани.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »