Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вчера 100 возачи возеле побрзо од дозволеното

Вчера, недела, 3 мај, полициски службеници од СВР Битола спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи.

Од нив, 42 возеле побрзо од пропишаното надвор од населено место, а 58 во населено место. 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од СВР Битола апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »