Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајка кај Болницата, повреден сопатник на мопедот

На 03.05.2021 во 21.04 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул „Бонде Скерлевски“ и ул.„Народни херои“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 62 годишник од Битола и мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од 28 годишник од Битола.

Во незгодата, сопатникот од мопедот на 26 години од с. Далбеговци, општина Могила, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »