Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од давење со десна рака од назад

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од давење со десна рака од назад, со примена на техники за самоодбрана од реалниот аикидо.

Одбраната во овој напас започнува така што нагло се завртуваме во десно, истовремено удирајки го противникот со десното лакто. Кога веќе сме лице во лице со напагачот со левата рака ја факаме десната дланка на противникот и вршиме торзија во лево, додека со десната рака нанесуваме удар во левиот образ на напаѓачот. Со десната нога исчекоруваме напред, го рушиме напаѓачот на тлото. 

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.

 

More from СоветиMore posts in Совети »