Денес во фоајето на Центарот за култура во Битола, беше затворена изложбата на фотографии и документи “Наши години“, која беше отворена во пресрет на 25-ти април – денот на основањето на ДНУ/МНД-Битола, Македонско научно друштво-Битола, според сите пропишани протоколи.Изложбата ја затвори претседателката на МНД Битола, доц. д-р Невена Груевска која повтори дека таа, како моите претходници ја почитуваме нашата историја и ја негуваме традицијата, а април, месецот кога го славиме нашиот роденден секогаш ни претставува мотив плус, за несебично да го вложиме нашиот креативен потенцијал, и да организираме различни академски манифестации, како што беше и оваа изложба која денес ја затвораме.
На затворањето на изложбата беше и д-р Сашо Кочансковски, потпретсдател на МНД Битола.
На затворањето на изложбата претседателката на МНД-Битола доц. д-р Невена Груевска додели “кристална коцка“ на член од семејството Струмениковски и јавна благодарница затоа што идејното решение на академскиот сликар Ранко Струмениковски и ден денес е амблем на Друштвото со кој се препознаваме во државата и странство.
Амблемот на МНД-Битола е илустриран на јубилејната кристална коцка која денес е врачена на д-р Тања Струмениковска – Ристевска која воедно е редовен член на МНД-Битола, која на доделувањето на “кристална коцка“ рече:
-Посебно со емоции ги примам признанијата, постхумно, за мојот татко Ранко Струмениковски, кој беше еден од првите членови на МНД Битола, тогаш ДНУ Битола. Тој беше автор на идејното решение на грбот на МНД, а посебно ме радува дека и по 60 години е истиот грб. Струмениковски покрај на овој грб е автор на многу препознатливи битолски логоа, како “Лозар“, “Пелистерка“, “Битолатекс“ и други. Во знак на сеќавање на неговото дело и она што го има оставено ние, семејството, подготвуваме спомен галерија, која ќе го носи неговото име, а таму секако на видно место ќе биде поставена оваа “кристална коцка“ од МНД Битола.

Затворена изложбата “Наши години“ на МНД – Битола, “кристалната коцка“ постхумно за Ранко Струмениковски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди
- Борис Гушевски нов студентски лидер на УКЛО Битола
- Градоначалникот Коњановски на панел дискусија во Брисел
- СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Култните “Лајбах“ – авангардно спектакуларен концерт во Центар за култура во Битола (фотогалерија)
- Со концерт на “Tales from the box“ започна 15. издание на Фестивалот на музика од светот (фотогалерија)
- Епска вечер и културна фузијa во Центарот за култура во Битола во рамки на “Олабај на Фестивал музика од светот“ (фотогалерија)
- Библиотеката во Битола го одбележа Светскиот ден на детето
- “Музика од светот“ по 15. пат во Битола, годинава култната група “Лајбах“ во Центар за култура(фото)“Музика од светот“ по 15. пат во Битола, годинава култната група “Лајбах“ во Центар за култура(фото)