Press "Enter" to skip to content

Крак на улицата “Прогрес“ со нова канализација, водоводна мрежа и бехатон плочки

По 60 години откако е формирана населбата “Боримечка“, односно жителите на еден крак на улицата “Прогрес“ во Битола имаа нова канализација, водоводна мрежа и поплочено со бехатон плочки.Деновиве завршија градежните работи на улицата “Прогрес“, каде што заврши поплочувањето со бехатон плочки, откако претходно беше променета водоводната и канализационата мрежа, а денес градоначалничката Наташа Петровска, имаше средба со  жителите изразија задоволство од тоа што ветеното при санацијата на претходни двата краци, дека дополнително ќе се уредат и останатите, веќе е реализирано.Во тек е тампонирање на вториот крак, по реконструкцијата на канализационата и водоводната мрежа. Од страна на Општина Битола во соработка со јавните претпријатија инвестирани се над 890.000 денари за водоводната и канализационата мрежа, а за партерното уредување локалната самоуправа инвестира околу 640.000 денари.