Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: превентивна системска дезинсекција ќе се извршува во четири фази

Екипите на Центарот за јавно здравје од Битола од утринава теренски започнаа со превентивна ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на ларвените облици на комарците.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна системска дезинсекција на територијата на Општина Битола, како и по спроведената тендерска постапка, предвидени се четири фази на дезинсекција.

Од понеделник пак, ќе започне дератизацијата на територијата на Општина Битола.